Зеленски тврди дека развиле моќна ракета: Тоа може целосно да го промени текот на војната

Украина развила ракета со дострел од 1.000 километри, тврди украинскиот претседател Володимир Зеленски.

,,Имаме опипливи резултати“, напиша тој во објавата на социјалната мрежа Х.

„Ракетата со долг дострел Нептун е тестирана и успешно се користи во борба. Нова украинска ракета, прецизен удар, дострел од илјада километри. Им благодарам на нашите украински инженери, производители и воен персонал. Продолжуваме со нашата работа за да ја обезбедиме безбедноста на Украина.”

Доколку се потврди, способноста на Украина да напаѓа цели од далечина од 1.000 километри може да има значително влијание на бојното поле. Украинските ракети со најдолг дострел до сега се американското производство ATACMS, со дострел од околу 300 километри.