Зеленски: Трамп добро знае дека без нас нема договор со Путин

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја истакна важноста на вклучувањето на Украина во секој разговор или одлука поврзана со иднината на неговата земја.

Тој ја коментираше најавената средба меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот руски колега Владимир Путин, нагласувајќи дека без Украина не може да се донесе одлука за нејзината судбина.

„Разговорот меѓу Путин и Трамп би можел да биде важен за нивните билатерални односи. Но, тие нема да направат ништо за Украина без нас. Верувам дека Трамп го разбира ова“, изјави украинскиот лидер.

Зеленски, исто така, нагласи дека е невозможно да се зборува за Украина без Украина и дека одлуките за земјата треба да се донесуваат со нејзино активно учество.

„Мора да се држиме до нашата вистина“, рече тој, додавајќи дека постојат работи што живеат во срцето и други што се запишани во Уставот на земјата, што имплицира подготвеност на Киев решително да ги брани своите позиции.

Инаку, се очекува Трамп и Путин да се сретнат во петок во Алјаска.