Зеленски: Украина е подготвена да ја заврши војната

Украина уште еднаш ја изрази својата подготвеност да ја заврши војната.

Барем така изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој даде и други детали за средбата со американскиот претседател Доналд Трамп.

„Имавме состанок со американскиот претседател и се согласивме да се обидеме да организираме дијалог по сегашната линија на фронтот. Ова беше сигналот што претседателот Трамп му го даде на својот тим – дури и јавно. Линијата на фронтот може да стане почетна точка за дипломатија“, нагласи украинскиот лидер, пренесува Скајњуз .

Зеленски директно го поврза одложувањето на САД во снабдувањето на Украина со ракети со долг дострел „Томахавк“ со очигледното заладување на ангажманот на Русија во мировните преговори.

Украинскиот лидер рече дека Русија „речиси автоматски станала помалку заинтересирана за дипломатија“ кога стана јасно дека телефонскиот разговор на рускиот претседател Владимир Путин со Доналд Трамп ја одложил секоја одлука за давање ракети „Томахавк“ на Украина.

„Русија повторно прави сè што може за да се откаже од дипломатијата“, рече тој во своето вечерно обраќање.

Коментарите на Зеленски дојдоа по веста дека подготовките за разговорите меѓу САД и Русија, кои требаше да се одржат во Унгарија, се прекинати.