Зеленски: Украина ќе влезе во Европската Унија, со или без Орбан

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина ќе стане членка на Европската Унија без оглед на ставот на унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Зеленски ги даде овие коментари за време на прес-конференцијата со холандскиот премиер Дик Шуф, објави „Телеграф“.

Тој изрази увереност дека унгарскиот народ ја поддржува Украина во секој случај.

„Украина ќе биде во Европската Унија, со или без Орбан, бидејќи тоа е избор на украинскиот народ“, нагласи Зеленски.

Украинскиот претседател коментираше за можноста за промена на деловникот за да не се бара едногласна одлука за проширување на ЕУ.

„Промената на постапката значи наоѓање начин без Унгарија. Кога мнозинството, сите земји освен Унгарија, ја поддржуваат Украина, тие разбираат како треба да се направи тоа“, рече тој.

Зеленски, исто така, потсети дека Украина ги исполнила сите технички услови за отворање на првата група во преговорите за пристапување во ЕУ.