ЗЕМАВМЕ МНОГУ ЕДНИ НА ДРУГИ… ФИЗИЧКИ НИ НАШТЕТИ! Надал никогаш поискрен за Ѓоковиќ и Федерер: „Фер е да се каже”

Ново пензионираниот тенисер Рафаел Надал ја доби наградата „Ел Мундо Депортива“ за сето она што го постигна во кариерата, а во интервју за споменатиот весник проговори за бројни интересни теми.

За почеток, тој откри како се чувствува без тенис.

– Се чувствувам совршено, иако се уште се трудам да се навикнам на новиот начин на живот. Во овој момент ништо не ми недостасува, се е во ред како што е. За секоја промена е потребно време, сега се обидувам да си го организирам животот за во иднина.,

Во последните неколку години од кариерата Надал се мачеше со бројни повреди.

– Последните неколку години беа многу тешки, но токму тоа ми помогна да не пропуштам ништо од времето кога бев тенисер. „Се пензионирав пред речиси три месеци, па се уште не можам да кажам со целосна сигурност, но во моментов ми оди добро“, изјави Рафа.

Тој потоа се осврна на вечното прашање – кој беше неговиот најголем ривал на теренот во текот на неговата кариера?

– Би рекол Новак Ѓоковиќ или Роџер Федерер. Тешко е да се избере. Кариерата ми беше поврзана со двајцата, тројцата се туркавме. Вистина е дека си одзедовме многу, но и фер е да се каже дека без другите двајца никој немаше да постигне толку многу. „Се притискавме до крајни граници, тоа нè повреди физички, но не однесе до нови височини тениски и психички и затоа успеавме да играме толку долго“, истакна Надал, а тој го избра и својот омилен меч.”

– Секогаш се зборува за финалето на Вимблдон во 2008 година (против Федерер). Таа победа ми донесе многу важен напредок во кариерата.

Конечно открил дека се уште има болки.

– Сè уште ја чувствувам болката, иако помала. Од друга страна веќе не ја туркам машината толку многу. Барем можам нормално да се качувам по скали – заклучи Рафаел Надал.