За да го ублажи потењето околу градите, инфлуенсерката Мадам Ворлд покажа дека користи бебешка пудра.
Со доаѓањето на топлите денови, многу жени имаат проблем со потење под и меѓу градите. Иако многумина веруваат дека ова е проблем само за жените со поголеми гради, тоа дефинитивно не е точно.
Интензитетот на потење не се одредува толку од големината на градите колку од потните жлезди, а доколку и вие имате такви потешкотии, сигурни сме дека трикот со бебешка пудра добро ќе ви дојде.
Инфлуенсерката, која себеси се нарекува Madam World, редовно споделува широк спектар на совети со своите следбеници, од украсување и чистење на домот до нега на телото, па овој пат го сподели и своето лично искуство кога станува збор за потењето.
Таа истакна дека потењето може да предизвика осип, мозолчиња и слично, што предизвикува голема непријатност.
Со цел да се намали потењето, на чисто тело, околу градите, Мадам намачка детска пудра и го прави истото меѓу градите.
Како изгледа во пракса, погледнете го видеото од почетокот на текстот.