Обвинителството најавува дека во текот на мај ќе започне процесот на земање искази од жртвите во трагедијата Кочани, во која животот го загубија 62 лица како последица од пожарот во ноќниот клуб „Пулс“.
Обвинителството прибира податоци за контакт и адреса, а во зависност од нивната здравствена состојба, како и други состојби и околности, ќе бидат повикани да дадат исказ. Обвинителството најавува дека интензивно презема активности за обезбедување докази за кривичната постапка, но и за остварување на правата на оштетените.
Од двете истраги на Обвинителството Кочан и Обвинителството за гонење организиран криминал досега се вклучени 68 физички и 3 правни лица. Меѓу нив има и поранешни високи функционери, но и сегашни од повеќе институции. Во меѓувреме, одговорност се бара и од полициските претпоставени.