Новинарот Ентон Абилекај го коментираше договорот потпишан меѓу албанскиот премиер Еди Рама и италијанскиот премиер Џорџија Мелоини за имигрантите.
Според него, Рама се пазарел за свои лични интереси, бидејќи Албанија нема да добие никаква финансиска корист.
„Дознавме дури кога Рама го потпишуваше договорот, додека од англиските и италијанските странски медиуми слушнавме дека Албанија ќе стане дел од решението за мигрантската криза. Проблемот е што тој сакаше сам да го направи шопингот и да го донесе готов“.
„Тој се пазарел за неговите лични интереси, италијанските медиуми пишуваат дека Албанија нема да добие ниту еден лек, бенефитот на Албанија е нула. Рама ја наполни Албанија со имигранти од Африка и добива лична моќ, Албанија добива нула леки“, изјави Абилекај во емисијата Сега на Еуроњуз Албанија.
Демократската партија побара итна интерпелација со премиерот Еди Рама во врска со договорот потпишан со италијанскиот премиер, со кој Албанија станува земја домаќин на имигрантите.
Преку соопштение до медиумите, Демократската партија информира дека барањето за интерпелација го поднел потпретседателот на Демократската партија, Крешник Чолаку.
„Во ова барање ДП бара албанската влада да даде појаснувања во врска со овој договор бидејќи нема транспарентност од албанска страна, додека италијанската страна го повтори овој пакт со нашата влада. Договорот го најави италијанскиот премиер, а албанската страна засега не се огласи.
Премиерот Мелони објасни дека е договорено да се користат некои области на Албанија како земја домаќин на бегалците, за да се овозможи нивна селекција, со цел да се одлучи дали имаат право да имаат право на азил или не. Според италијанските медиуми, оваа прифатна база ќе биде Шенѓини, каде за една година ќе можат да пристигнат до 36.000 имигранти, како што изјави италијанскиот премиер“, се вели во барањето на ДП.
Албанија и Италија денеска потпишаа договор за управување со илегалната имиграција.
Премиерот Еди Рама овој понеделник престојуваше во Италија каде заедно со неговиот италијански колега Џироџа Мелони одржаа прес-конференција на која разговараа за договорот за бегалците.
Рама рече дека Албанија не може да биде решение за тешката ситуација во која се наоѓа Италија во овие моменти, но може да помогне, бидејќи по влезот во Италија, според него, илегалните имигранти многу лесно се преселуваат во која било земја од ЕУ. .
Рама рече дека Албанија е во големи долгови кон Италија за прием на бегалци во 90-тите, па ако се јави Албанија мора да одговори.