Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте изјави денеска за време на посетата на Белата куќа дека членките на алијансата мора да произведат повеќе оружје.
Алијансата заостанува зад Русија и Кина во однос на производството на оружје, рече Руте за време на состанокот со американскиот претседател Доналд Трамп, пренесе Ројтерс.
Руте минатиот месец рече дека членките на алијансата ќе мора да ги зголемат трошоците за одбрана „значително повеќе од три отсто“ од БДП, објави бриселскиот Политико.