Земјотрес со јачина од 3,6 степени според Рихтеровата скала синоќа ја погоди Хрватска, забележаа сеизмографи на Сеизмолошката служба на Хрватска.
Земјотресот бил со умерен интензитет со епицентар кај Затон Обровацки, кај Грачац.
Магнитудата на земјотресот билa 3,3 степени според Рихтеровата скала, а интензитетот во епицентарот V (пет) според ЕМС-скалата.
Земјотресот бил почувствуван во областа околу Обровац, Бенковац и Задар. Потоа следеле серија послаби земјотреси од кои најсилниот бил со јачина од 1,7 степени според Рихтеровата скала, во 4 часот и 51 минути.
Неколку луѓе реагираа на апликацијата EMSC, опишувајќи го земјотресот како „силен и краток“ и дека се слушнал „татнеж“.
„Бум, се затресе“, „Скокнав“, „Како гром“, „Се почувствува за секунда“, напишаа тие.
„Живеам на четврти кат, прозорците многу се тресеа“, напиша на социјалните мрежи Задранка која ја разбудил земјотресот.
Засега нема информации за евентуална материјална штета.