Европскиот суд во Луксембург на крајот на декември донесе пресуда според која ФИФА и УЕФА незаконски ги спречиле клубовите да ја основаат таканаречената „Супер Лига на богатите“.
Тој проект беше актуелен во април 2022 година и многу брзо беше затворен, но поради одлуката на Европскиот суд во Луксембург – повторно стана актуелен.
Сепак, мал е бројот на клубови кои сакаат да одат против ФИФА и УЕФА, па засега гласни се само Барселона и Реал Мадрид, додека Јувентус – кој беше основач на првичниот проект – молчи и засега не се рекламира.
Практично сите други клубови во Европа, дури и оние кои немаше да имаат шанса да играат во Супер Лигата, се огласија и останаа на страната на ФИФА и УЕФА, дури и откако Супер Лигата на богатите го претстави нивниот систем на натпреварување во „три дивизии“. И покрај тоа што немаат поддршка, тие не се откажуваат, па се огласи претседателот на Барселона, Жоан Лапорта.
„Ако Супер Лигата не започне од следната сезона, ќе започне од 2025 година. Секој клуб би добил по 100 милиони евра, а тие пари не може да се заработат ниту со освојување на Лигата на шампионите на УЕФА“, вели Жоан Лапорта и додаде кои 16 клубови се „безбедни“ во конкуренција: „Кој би играле ? Барселона, Реал Мадрид, Интер, Милан, Наполи, Рома, Марсеј, Бенфика, Спортинг, Порто, Андерлехт, Клуб Бриж и уште три клуба од Холандија. Супер Лигата би имала 16 или 18 клубови. Да се потсетиме дека многу малку клубови играле во Купот на европските шампиони на УЕФА во 1955 година“.
Ниту еден од наведените клубови не ги потврди изјавите на претседателот на Барселона, кој истовремено е во „војна“ со Англичаните, кои одамна најавија дека нема да учествуваат.