Земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала го погоди денеска регионот Антофагаста во Чиле, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки институт (EMSC).
Земјотресот се случил на длабочина од 118 километри, додава ЕМСЦ.
Епицентарот бил на 190 километри од градот Икике, кој има 227.000 жители.
Засега нема информации за материјална штета или жртви.