ЗЕМЈОТРЕС СО ЈАЧИНА ОД 4,4 СТЕПЕНИ ПО РИХТЕР ЈА ПОГОДИ ИТАЛИЈА – Се тресе централниот дел на земјата

Силен земјотрес со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала денес ја погоди Италија.

Според EMSC, земјотресот, кој првично беше објавен на веб-страницата на EMSC како со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала, погоди делови од централна Италија.

Земјотресот се случил на длабочина од 10 километри, на 21 километар од Перуџа.

Засега нема информации за жртви и материјална штета.

земјотресИталијаПеруџа