Земјотресот е почувствуван во Палеохори, Суга и Сфакија, но засега нема информации за материјална штета.
Земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала се случи утринава во 10:40 часот по локално време, на околу 18 километри источно-југоисточно од Палеохори во Ханија, се вели во соопштението на ЕЛМЕП, Институтот за физика на Земјата со седиште во Ханија.
Земјотресот е откриен на длабочина од 10 километри, се наведува во соопштението на ЕЛМЕПА, кое го пренесе грчката телевизија ЕРТ.
Земјотресот е почувствуван во Палеохори, Суга и Сфакија, но засега нема информации за материјална штета.
Претходно утрово на истото подрачје беше регистриран послаб земјотрес со јачина од 3,4 степени според Рихтеровата скала.
Според податоците на ЕЛМЕПА, земјотресот е регистриран на 41 километар јужно од Палеохори, со епицентар на длабочина од околу 25,8 километри.