Земјотрес со јачина од 5,4 степени според Рихтер ги погоди Филипините

Земјотрес со јачина од 5,4 степени според Рихтеровата скала утрово ги погоди Филипините, соопшти филипинскиот институт за вулканологија и сеизмологија.

Земјотресот се случил околу 8:23 часот по локално време во провинцијата Суригао дел Сур, на околу 77 километри југоисточно од градот Кагвајт, јавува Manila Times.

Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 15 километри, а според информациите од Филипинскиот институт, земјотресот бил почувствуван и во околните места, но малку е веројатно дека предизвикал штета на инфраструктурата.