– Земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала ја погоди колумбиската престолнина Богота, информира Колумбискиот геолошки институт.
Потресот предизвика паника, па луѓето од канцелариите и рестораните веднаш излегоа на улиците.
Според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, земјотресот се случил на длабочина од 14 километри, а неговиот епицентар бил на 18 километри северно од Вилависенсио, град со повеќе од 320.000 жители.