Земјотрес ја погоди Хрватска: „Звучеше како бомба“, туристите вознемирени

Земјотресот е регистриран во 4 часот и 26 минути во близина на Риека, на длабочина од еден километар.

Земјотрес со јачина од 2,4 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди Хрватска, јавува ЕМСЦ.

Земјотресот е регистриран во 4 часот и 26 минути во близина на Риека, на длабочина од еден километар.

Граѓаните на веб-страницата на ЕМСЦ напишаа дека го почувствувале земјотресот, додека некои се разбудиле од сон.

„Ме разбуди силна вибрација и татнеж“, „Ме разбуди од сон краток и силен удар. Пукаа ламинатни подови и мебел“, „Како да пукна бомба!“, „Добро се затресе“, Ме разбуди и ме исплаши!“, се само дел од коментарите на граѓаните.