Зечевиќ поднел оставка од Надзорниот одбор од Стопанска банка Битола

Миле Зечевиќ кој е генерален секретар на владејачката СДСМ поднел оставка од функцијата независен член на Надзорниот одбор на Стопанска банка АД Битола.

Од Банката вчера оваа информација ја објавија преку Македонската берза, а според објавеното Зечевиќ ја поднел оставката до Собранието на акционери на Банката на 30 август, односно пред еден месец.

Во поднесената оставка, Зечевиќ навел дека оставката ја дава од лични причини заради зголемени професионални обврски во останатите работни ангажмани и истата стапува во сила со денот на комплетирање на составот на Надзорниот одбор.