Зибери: На затворениците им е потребна трајна здравствена заштита

Недостигот од медицински персонал во затворите низ државата е најмалку 30 отсто, изјави народниот правобранител Насер Зибери.

Тој објаснува дека во затворите ширум државата недостигаат голем број лекари, а мал е бројот на психијатри кои според законот мора да ги има во секој затвор.

Според Зибери, главниот проблем со сериозниот недостиг на медицински персонал во затворите е тоа што надлежност да го обезбеди Министерството за здравство, а не Управата за спроведување санкции.

„На овој начин тие одговараат пред Министерството за здравство кое дава здравствени услуги за затворите. И мислам дека оваа координација е еден од проблемите што ги имаме“, изјави Насер Зибери, Народен правобранител.

Покрај проблемот со недостигот на медицински персонал, до Народниот правобранител редовно добиваат претставки од затворениците за квалитетот на здравствената заштита, недостигот на лекови и можноста за користење на секундарна и терцијарна здравствена заштита, која не може да се обезбеди во рамките на здравствените установи, но и за недостигот на терапија во затворите за зависниците од дрога.