Зинедин Зидан е веројатно најпосакуваното тренерско име во фудбалскиот свет во моментов. Тоа не треба никого да изненади, ако се знае дека за само пет сезони од неговата тренерска работа освои 11 трофеи.
Се разбира со Реал Мадрид, вклучувајќи три Лига на шампиони и двa шампионати на Шпанија.
Со Реал освои сè, сега е време за нов кам-бек
Поминаа две години откако тој си замина од клупата на кралскиот клуб, а Зидан беше поврзуван со некои тимови, пред сè со ПСЖ и француската репрезентација, но од негова страна немаше знаци кои би потврдиле како навистина се работело за ангажман на тие работни места.
И покрај тоа, неговите блиски луѓе тврдат дека тој сега е подготвен да се врати на работа, но дека сепак е прилично пребирлив и дека враќањето не е нешто што сака да го прави по секоја цена. Но, ако добие шанса да преземе некоја работа, ќе го направи тоа.
Станува збор за Јувентус, клубот во кој играше од 1996 до 2001 година, а сега во Торино би сакал да направи нешто слично на она што го направи во Мадрид.
Голема отштета за отказот на Алегри
Познато е дека во Старата дама не се најзадоволни од настапите оваа сезона под водство на Масимо Алегри, а веројатно би биле заинтересирани за ангажман на Зизу.
Како што пишуваат медиумите, најголем проблем е отказот на Алегри, односно тој би го чинелнЈувентуц цели 18 милиони евра.
Многумина веруваат дека во денешниот фудбал, каде што се даваат многу повисоки бројки за играчи кои на хартија претставуваат многу помалку засилување од Зидан, ваквото обештетување не треба да биде проблем, но секогаш е поинаку кога се размислува за тренерите.
Зидан ќе го преземе Јувентус? Ова е тема која секако до лето ќе биде третирана на различни начини.