Одличниот шведски фудбалер Златан Ибрахимовиќ неодамна одлучи да стави крај на фудбалската кариера, но тоа не значи дека престана да ја интригира јавноста.
Така тој во интервју за италијанскиот весник Gazeta delo Sport одговори на неколку кратки прашања, но и тоа беше доволно да се крене прашина. Особено затоа што кога го прашале за најдобриот играч со кој играл во кариерата, а не го ниту споменал Лионел Меси.
Двајцата поминаа само една сезона во Барселона (2009/10), по што Пеп Гвардиола одлучи дека Златан Ибрахимовиќ не се вклопува во неговите идеи, фудбалски и карактерно. Го исфрли од клубот, односно го „врати“ во Италија, каде што Швеѓанецот вели дека играл со многу подобри фудбалери.
Ако се прашувавте кои фудбалери играа за Јувентус, Интер и Милан, во кои играше Златан Ибрахимовиќ, тешко дека на памет ви паднал одговорот на Швеѓанецот. Тој одговори – Патрик Виеира. Поранешниот одличен француски репрезентативец, најмногу го импресионирал Златан Ибрахимовиќ во дресот на „Нероаѕурите“.