Златан Ибрахимовиќ откри зошто Хелена одбила да се омажи за него

Иако Златан Ибрахимовиќ и неговата избраничка Хелена Сегер имаат една од најстабилните и најсреќните врски во светот на спортот и шоу-бизнисот, парот е сè уште во вонбрачна заедница. Тие се заедно од 2002 година и имаат и два сина – Максимилијан и Винсент.

Златан Ибрахимовиќ неодамна гостувал во емисијата на Пирс Морган „Без цензурира“ и во ова интервју се осврнал на неговата долга, плодна кариера, односите со поранешните соиграчи, големите спортски ѕвезди, детството и растењето, но и на врската со партнерката Хелена, која е 11 години постара од него.

Имено, Морган го прашал фудбалерот зошто тој и 52-годишната русокоса никогаш не се венчале, а Златан без да заобиколува, во свој стил дал искрен одговор.

„Ја прашав дали сака да се венчаме. Таа рече „не“. Тоа беше пред неколку години“, рекол тој, а потоа додал како ја запросил:

„Реков: После 20 години, заслужуваш да се омажиш за мене. Таа рече: „Не, не треба да се мажам за тебе за да бидам со тебе“. Таа е многу силна жена. Мислам дека тоа е кул, затоа што кога ќе се постави така, добива поголема почит од мене, бидејќи не морам постојано јас да победувам“.

На прашањето дали повторно ќе ја запроси својата партнерка, Ибрахимовиќ брзо и јасно одговорил: „Не. Имаше една шанса, друга нема да добие“.

„Но, таа има две деца со мене, па тоа е поважно од тоа да бидам во брак“, додал тој.

Едно време и самата Хелена во интервју за „Elle“ открила зошто не го прифатила предлогот на нејзиниот животен избраник. „Влегувањето во брак може да го наруши моето чувство за независност.

Не сакам да ме етикетираат како сопруга на играч или победничка на натпревар за убавина. Мислам дека луѓето не знаат колку студирав, работев и се борев“, истакнала таа.