ЗЛАТАН УБАВО СЕ ПОЧАСТИ Ибрахимовиќ објави што си купил за роденден, сите беа шокирани

Златан Ибрахимовиќ ја продолжи традицијата, па оваа година реши да се почасти себеси за својот роденден. Легендарниот шведски напаѓач вчера наполни 44 години, и повторно се израдува.

Ибра купи исклучително луксузен автомобил, имено Ферари Ф80, кој е најновиот модел на хиперавтомобил од познатата фабрика во Маранело. Швеѓанецот се пофали со скапиот подарок на Инстаграм, со неизбежната порака „Среќен роденден, Златан“.

Овој автомобил не може редовно да се купува на пазарот. Имено, до него можат да дојдат само ВИП клиенти и луѓе со завидна историја во Ферари. Точната цена исто така не е позната, но се шпекулира дека е околу 4.000.000 евра.