Полицијата денеска го приведе Е.Ш. (23) поради сомнение дека сторил кривично дело искористување деца за порнографија, соопшти Управата на полицијата во Подгорица.
– Службеници на Секторот за борба против криминалот – Група за сузбивање на високотехнолошки криминал, денеска во соработка со полицијата во Подгорица го уапсиле Е.Ш. (23), црногорски државјанин, поради сомнение дека сторил кривично дело искористување деца за порнографија – се наведува во соопштението.
Имено, како што соопшти полицијата, прибраната документација и докази пронајдени при претресот на станот и другите простории што ги користел Е.Ш. укажуваат дека предметното кривично дело го извршил со континуирано стекнување и поседување аудио-визуелни содржини во кои имало малолетници во подолг временски период.
– За горенаведениот настан е известен надлежен државен обвинител во Основното државно обвинителство во Подгорица, по чија наредба Е.Ш. е уапсен поради сомнение дека сторил кривично дело експлоатација на деца за порнографија – заклучи полицијата