ЗМИСКОТО ТЕЛО НА САЛМА ХАЈЕК Е ДОКАЗ ДЕКА ГОДИНИТЕ СЕ САМО БРОЈКА

На гала вечерата во Лос Анџелес, Салма Хајек им одржа модна лекција на присутните, но и покажа дека годините не значат ништо.

На овогодинешната гала вечера LACMA Art+, организирана оваа сабота во Музејот на модерна уметност во Лос Анџелес, многу познати личности се појавија на собир за паметење.

Меѓу нив беа маестралните Џенифер Лопез и Бен Афлек, но и Џејн Фонда, Кијану Ривс со неговата девојка Александра Грант, Парис Хилтон …

Посебно воодушеви актерката Салма Хајек, која приреди вистинско уживање за сите свои обожаватели.

Убавата актерка пристигна во друштво на својот сопруг Франсоа-Анри Пино, богаташ, кој, инаку, има и син со Линда Евангелиста, а сега е во среќен брак со Салма.

Салма носеше фустан од Гучи што ја истакна нејзината фигура на песочен часовник; тоа беше модел без ракави, т.н крој со сирена, со нереален долен дел кој ги евоцира мистичните суштества на подводниот свет.

Овој фустан е во омбре стил, блескави бои, со кои убавата актерка постигна магичен ефект.

Инаку, Салма неодамна наполни 57 години , а се чини дека по изглед, стил и харизма би можела да остави зад себе со децении помлади девојки.