Дилавер Бојко Леку (58), бос на албанска мафија, пред шест години беше убиен пред својот ресторан на плажата „Аква Блу“ во Струга. Се сомнева дека бил ликвидиран од платен убиец од Базел, Швајцарија.
Дилавер Бојко Леку беше „балканскиот крал на проституцијата“, а овој албански мафијаш од Македонија важеше за исклучително опасен човек. Меѓутоа, на крајот дозволил да биде убиен само за да престане крвната одмазда.
Пред да биде ликвидиран, тој побарал од семејството и од најблиските соработници да престанат со крвопролевањето, наводно, стравувајќи дека ќе остане без машки членови, односно потомци. Се верува дека крвната одмазда е мотивот за убиството на Бојку, а една од претпоставките е дека тој со глава ја платил смртта на Ситем Истрефи (23), кој беше убиен во пресметката меѓу две завојувани семејства за концесии за плажа на брегот на езерото во Струга.
Ескалацијата на конфликтот меѓу семејствата Бојку и Истрефи се случи на 13 декември 2015 година во населбата Езерски лојза. Во пукотниците загинал Ситем Истрефи, а тешко е ранет неговиот брат Прентим Истрефи.
Братот на Дилавер Бојку, Башким Бојку (45) беше тешко ранет, кој се наоѓа во притвор, а синот на Дилавер Бојку, Ермин, успеал да побегне. Дилавер потоа побегнал од Македонија.
Извори од неговото опкружување тврдат дека тој 18 месеци се криел на различни локации во Албанија, Црна Гора и Косово.
На почетокот на летото 2017 година со целосно изменет изглед се врати во Струга. Упатените велат дека тој никогаш не излегувал од дома без панцир и дека секогаш околу себе имал силно обезбедување.
И покрај претпазливоста, Дилавер Бојку знаел дека ќе биде убиен, па решил да се жртвува за да ја прекине крвната одмазда. Затоа престана да се крие. Го вратил „вистинското“ лице, повеќе не носел панцир, а обезбедувањето му било „послабо“…
Има индиции дека во организацијата на убиството учествувале најмалку пет лица, а едно од нив е директен извршител. Има информации дека убиецот на Бојку неколку дена пред злосторството доаѓал во неговиот локал на плажа, пиел кафе и си заминувал.
Убиецот и тој понеделник седнал на маса, а кога завршил со пијалокот ја платил сметката и отишол во тоалет. Откако излегол од тоалетот, околу 16 часот и 15 минути, мирно се приближил до масата на која седел Дилавер Бојку, извадил пиштол и испукал еден куршум директно во слепоочницата. Истрелот бил фатален.
Сведок од местото на злосторството тогаш за македонските медиуми изјави дека по убиството убиецот гласно рекол на српски: „Сега си бескорисен“.
По злосторството, убиецот почнал да бега во правец на стадионот Караорман, а кога забележал дека го бркаат двајца мажи, се свртел и испукал два куршуми кон нив, по што гонителите се повлекле. Убиецот потоа се качил на мотор, ставил темен шлем на главата и побегнал. Се претпоставува дека на пат кон Охрид го чекал камион „мерцедес“ во чија приколка се качил без да се симне од моторот. Оттаму бил префрлен на охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“, каде во 16 часот и 35 минути се доближил до шалтер за да си го провери авионскиот билет за летот за Базел. Во салонот за поаѓање влегол во 17 часот и 15 минути, иако авионот требало да полета во 18 часот и 30 минути. Подоцна бил убиен во Швајцарија.
Дилавер Бојку организирал проституција на која ги терал девојките. Некогаш македонската полиција процени дека Бојко посредувал за продажба на околу 3.000 жени. Некогаш ги контролирал двете главни нелегални рути за превоз на девојки и жени. Едниот од Бугарија, а другиот од Албанија. Двата канала завршуваа во неговото родно село Велешта кај Струга, кое важеше за место со најголем број проститутки во Македонија.
Во тоа време имало од 200 до 250 жени подготвени за продажба во секое време. Лека за себе чувал дваесетина најубави кои им ги нудел на клиентите во неговиот локал „Експресо“, а по неколку месеци работа кај него ги продавал во Косово, каде овој бизнис бил уште поисплатлив.
Дилавер Бојко, кој беше „мозок“ на овој вид организиран криминал на Балканот и во Европа, долго време и’ беше недофатлив на полицијата, бидејќи пред секоја рација се криеше навреме и благодарение на информациите што му ги даваа самите полицајци.
Во февруари 2003 година, тој беше уапсен и осуден на 6 месеци затвор, но успеа да побегне веќе во јуни.
Само две недели подоцна, тој беше уапсен во Улцињ и вратен во Македонија, каде што беше осуден на 3,8 години затвор за посредување во проституција.
По издржувањето на казната, тој беше ослободен во 2007 година, а две години подоцна повторно беше уапсен поради нарушување на јавниот ред и мир.
Недолго потоа заедно со синот Ермин бил уапсен бидејќи со нож нападнал полицаец.