Културата на пиење кафе варира низ светот, но во многу земји шолја кафе секогаш е придружена со чаша ладна вода, но дали ја знаевте вистинската причина за тоа?
Ова правило важи на многу места, има градови каде што ќе треба да доплатите вода доколку ја побарате со кафето.
Иако „слежерното пиење кафе“ започнало во 16 век меѓу Турците и Грците, овој ритуал станал популарен во Западна Европа дури на крајот на 19 век.
Првично, чаша вода со кафе не била наменета за пиење. Имено, дами се жалеле дека лажиците се валкаат при мешање кафе, па угостителите вовеле вода за да ја измијат лажицата пред да ја вратат во послужавник.
Овој обичај доби ново значење во 1873 година, кога водните системи овозможија да се користи чиста изворска вода, а сопствениците на кафулиња сакаа да го покажат квалитетот на своето кафе. Денес, чаша вода со кафе се смета за знак на добри манири, иако на некои места треба конкретно да нагласите дека сакате вода.