Еден од многуте обичаи поврзани со Новата година е носењето црвена долна облека. Се верува дека тоа ќе ви помогне да ја пронајдете љубовта во наредната година.
Новата година е пред самиот агол, сите се подготвуваат за најлудата ноќ, но во овој период не може да се изостави и примената на разни обичаи.
Луѓето веруваат дека одредено однесување на 31 декември ќе им донесе среќа или лоша среќа во наредната година.
Покрај огнометот, танцувањето и забавата кои се дел од новогодишната прослава, многумина носат и црвена долна облека, дури и кога се одлучуваат за домашна верзија на новогодишната прослава и удобна облека.
Црвениот веш се носи уште од средниот век
Традицијата на носење црвена долна облека датира од далечниот среден век, кога не било дозволено носење црвена облека. Тогаш, црвената боја се поврзуваше со крвта, ѓаволот и вештерството. Но, без разлика на суеверија, луѓето копнееле да носат црвена облека во текот на темната зима, бидејќи црвената облека била и симбол на животот и сончевата енергија.
Така населението, сакајќи да избегне казна, нашло совршена алтернатива: криеле црвени ткаенини под слоевите облека.
Новогодишниот обичај потекнува од Шпанија
Денешниот обичај да се носи црвена долна облека на преминот од стара во нова година потекнува од Шпанија. Оттаму се рашири низ целиот свет. Црвена долна облека ја носат сите што сакаат да најдат љубов во Новата година.
Покрај црвената, за дочек на Новата година може да се носи и жолта облека. Го носат оние кои сакаат да имаат успешна кариера и повеќе пари од претходната година.
Друг обичај за кој се верува дека ќе донесе пари во наредната година е божиќниот кактус, односно верувањето дека во пресрет на празникот ова растение треба да се стави во близина на влезната врата од домот.