Во Македонија годишно умираат многу луѓе од кардиоваскуларни болести, што значи дека во просек секоја година населението се намалува поради оваа болест.
Една од водечките причини за смрт која зазема високо место е коронарната срцева болест или исхемичната болест.
Се јавува кога протокот на крв во срцето е блокиран поради акумулираните масни наслаги во коронарните артерии. Најчестите симптоми на коронарна срцева болест се болка во градите, отежнато дишење, болка низ телото и чувство на слабост.
Според Мајкл Милер, професор по кардиоваскуларна медицина на Универзитетот во Мериленд, болеста може да се појави на многу посуптилен начин, пред спиење.
„Кога вашиот ум талка ноќе, можете да го слушнете сопственото дишење или стомачните звуци. Но, коронарната болест може да се покаже со звукот на сопственото срце“, објасни Мајкл Милер, кој истакнува дека е тешко да се слушне сопственото чукање на срцето, освен ако не сте имале интензивна активност.
„Наместо да ја прилагодите положбата на спиење, би било добра идеја да разговарате за ова со вашиот доктор“, советува тој.
Палпитациите може да бидат и знак за низок крвен притисок, низок крвен шеќер, анемија, дехидрација или ефекти од лековите што ги земате. Затоа, доколку забележите некои од сигналите што ви ги испраќа телото, не ги игнорирајте, туку прво разговарајте со вашиот доктор.