Водечки експерт за одбрана и безбедност тврди дека е „убеден“ дека Кремљ стои зад смртта на лидерот и основач на групата Вагнер, Евгениј Пригожин, и дека тие користеле бомба за да го направат тоа.
„Од една страна, не знаеме многу конкретни детали за тоа како точно бил соборен авионот“, изјавил за Sky News, Марк Галеоти, висок соработник во Институтот Royal United Services.
„Сепак, јас сум доста уверен дека ова беше бомба и дека руската држава стои зад тоа“, вели експертот и додава: „Причината поради која го велам тоа е затоа што во ниту еден момент не го покажаа прстот на друго место, што е нивна вообичаена практика“.
Имаше многу шпекулации за тоа како авионот можел да биде соборен, а Марк Галеоти е убеден дека тоа е направено со експлозив.
„Многу ненадејно… полета, а потоа се урна речиси вертикално надолу, што е патеката на летот што би ја очекувале доколку има бомба во авионот“, објаснува тој во својот коментар за Sky News.