Зоран Заев со порака од Делфи економскиот форум во Грција: “Регионот ќе биде енергетски многу постабилен ако делуваме заедно“

Регионот ќе биде многу постабилен и побезбеден, ако делуваме и работиме заедно“, порача поранешниот премиер на Северна Македонија Зоран Заев за време на панел дискусијата посветена на енергетиката на Делфи економскиот форум во Грција, јави дописничката на МИА од Атина. 

Заев се осврна на важноста на соработката на земјите од регионот, како пример ги спомена и Грција и Бугарија, посочи дека исто како и со вакцините за време на пандемијата, така и сега за енергетската криза, постоеше помош од соседите, но и истакна дека потребно е да работиме заедно, да се продолжи соработката во пресрет на следната зима.

Ја преживеавме енергетската криза со помош на нашите пријатели – Грција, Бугарија и Србија. Грција сподели со нас свои ресурси, како што земјите претходно споделија и вакцини“, истакна Заев.

Поранешниот премиер и основач и директор на Фондацијата Заев, за време на неговото учество на форумот ги спомена и грчките инвестиции во Северна Македонија.

Зоран Заев

На панел дискусијата учествуваше и министерот за животна средина и енергетика на Грција Костас Скрекас, кој истакна дека енергетската безбедност не е национално, туку регионално прашање.

ГрцијаЗоран ЗаевМакедонијаполитика