Оваа недела, Формула 1 тимовите на патеката Сахир во Бахреин присуствуваа на редовно јавно тестирање на болидите пред почетокот на новата сезона, а еден детал од болидите привлече големо внимание.
Новата сезона во Формула 1 започнува со трката за ГН на Австралија на 16-ти март во Мелбурн, а сите тимови ги спроведуваат последните проверки за да видат како функционираат болидите што ги направиле на патеката.
Гледачите можеа да забележат необичен детал на болидите. Имено, одредени делови од автомобилот биле обоени, а во Мекларен, механичарите создале „жив ѕид“ околу автомобилот кога тој пристигнал во гаражата за да не можат телевизиските камери детално да го снимаат.
The Wall of Mechanics 😆
— Formula 1 (@F1) February 26, 2025
McLaren tried their best to hide the flow-vis on Lando’s car from us!#F1Testing #F1 pic.twitter.com/g6FgQSlvaS
И додека оние кои можеби првпат гледаат тестирање на автомобили, пожестоките фанови на Формула 1 многу добро знаат за што се работи.
Имено, се работи за таканаречена техника за визуелизација на протокот (flow-vis) која на инженерите им дава детален увид во аеродинамиката на автомобилот.
Пред да се удри на патеката, специјална боја се нанесува на стратешки избраните точки на болидот, а за време на возењето таа се распрскува и детално прикажува каде тече воздухот додека минува низ кривините со различни брзини.
Ова ја објаснува и реакцијата на механичарите на Мекларен, кои сакаа да го заштитат својот болид да не биде детално анализиран од нивните ривали.