ЗОШТО Е ДОБРО ДА ЈАДЕМЕ ДОМАТИ ? Речиси секоја македонска трпеза го има овој зеленчук на маса, а не ни сфаќаме колку е моќна оваа храна!

Речиси и да нема македонска трпеза без домати во текот на летото. Сакаме да го јадеме овој зеленчук на различни начини, особено во салати со главните оброци. 

Доматите се ботанички овошје, иако повеќето од нас ги сметаат за зеленчук, особено на Балканот. Оваа храна е полна со витамини и минерали, а освен тоа има и многу малку калории. Домат со тежина од 60 грама содржи само 12 калории и помалку од три грама јаглени хидрати.

Богат е и со ликопен, кој на доматите им ја дава црвената боја. „Конзумирањето домати и производи на база на домати може да помогне да се заштити телото, да се зајакне имунитетот и да се намали ризикот од болести“, вели диететичарот Шери Бергер. Доматите се исто така богати со витамини А и Ц, а можете да ја зголемите апсорпцијата на ликопен со комбинирање на доматите со здрави масти, како што е маслиновото масло.

Нутриционистот Бланка Гарсија вели дека доматите помагаат подобро да се апсорбира железото од друга храна, минерал кој игра клучна улога во производството на хемоглобин и миоглобин, протеини кои носат кислород до мускулите и органите низ телото. Доматите го имаат овој ефект бидејќи содржат импресивни количини на витамин Ц, па еден домат може да обезбеди 27 проценти од дневните потреби за витамин Ц.

Доматите се полни со витамин Ц, калиум, фолати и витамин К. Придобивките од доматите варираат според видот и големината, поради количината на минерали и витамини што ги содржат, на пример, чери доматите имаат поголема содржина на бета-каротен од обичните домати.

доматихрана