Тие се добар извор на калиум и растителни влакна и не прават посити, поддржуваат добро варење
Не е важно кој датум е – есента официјално пристигна кога улиците мирисаат на печени костени !
Дали знаевте дека костенот припаѓа на јаткастите плодови? Сепак, сосема се разликува од другите, бидејќи содржи малку маснотии и многу вода.
Освен по уникатниот вкус, костенот е феноменален и поради неговите моќни својства, кои ги обезбедуваат витамините и минералите со кои изобилува. Костенот е одличен избор на антиоксиданси, особено витамин Ц и полифеноли, за кои е познато дека благотворно делуваат на здравјето на срцето.
Тие се добар извор на калиум и растителни влакна, и нè прават посити, поддржуваат добро варење, додека патем ги ублажуваат ефектите од оксидативниот стрес и помагаат да се одржи доброто ниво на шеќер во крвта.
Некои студии покажуваат дека костените помагаат да се контролира апетитот и да се губат мастите од стомакот.
Контраиндикации: Бидејќи содржи многу танини, костенот може да предизвика гадење и дигестивни проблеми, особено кај луѓето кои страдаат од болести на бубрезите и црниот дроб.
Како и сите други јаткасти плодови, и костенот се алергени, па доколку сте склони кон алергии, особено на некои од јаткастите плодови, обрнете посебно внимание или консултирајте се со лекар пред да го вклучите ова сочно есенско овошје во вашата исхрана.