Млада девојка од кинеската провинција Шандонг завршила во болница откако забележала дека има проблеми со слухот. Сè почесто не можела да ги разбере шефот и колегите, дури и кога и шепотеле на уво, па побарала помош од експерти.
Деталниот преглед откри дека таа претрпела трајно невролошко оштетување на слухот на левото уво, пренесува Oddity Central.
На прашањето дали претрпела некаква траума или можеби била изложена на премногу бучава, Ванг одговори дека „само слуша музика на слушалки“.
Излегува дека во последните две години таа слуша музика секоја вечер додека не заспие.
Порано заспивав со слушалки во уши, ми стана навика“, му објаснила на докторот.
Директорот на одделението за ОРЛ, Др. Ли Тао, верува дека губењето на слухот најверојатно било предизвикано од музиката што девојката ја слушала секоја вечер.
„Иако јачината на звукот не беше прекумерна, ушите беа изложени на бучава долг временски период, што на крајот предизвика штета“, рече тој.
За среќа на Ванг, оштетено е само левото уво, а оштетувањето е заменето со слушно помагало.
Оваа приказна стана вирална во Кина и служи како предупредување, особено за младите.