Пред неколку дена беше објавено видео од познат ресторан во срскиот град Ужице, каде што во овие зимски услови уличните кучиња можат да влезат слободно и да се загреат, а видеото за два дена го погледнале речиси еден милион луѓе на социјалните мрежи.
Овој обичен-необичен гест предизвика лавина комплименти и убави коментари кон овој локал и неговите сопственици.
Младиот менаџер на овој локал Урош Рогиќ вели дека деновиве добил стотици повици и пораки за ова видео, но дека ова не го смета за ништо необично, туку дека на некој начин треба да биде нормална појава.
@oglasnatabla #dog #pas #kafekorzo ♬ Originalton – 🖤🎼NOTA sa EMOCIJOM 🎼🖤
„Секогаш оставаме чинии со вода пред нашиот бар, особено во лето кога е жешко, а прекривките не ги тргаме во зима навечер за да можат да се стоплат, а некои дури влегуваат во кафеаната на уште потопло, како ретриверот од видеото, кој е мирно куче и е голема маза“.
За жал, понекогаш навечер се собираат многу напуштени кучиња и на минувачите не им е пријатно, но мора да живееме со нив и покрај нив, вели овој млад угостител.
Секој збор за овој гест е излишен, а илјадниците коментари во видеото кажуваат се.