Во морето од луди ситуации кои секојдневно ги гледаме на патиштата, се појави нов бисер. На Reddit беа објавени три фотографии од возач на Fiat Cinquecent како превезува дрво долго речиси девет метри во неговиот минијатурен автомобил .
Фотографиите се направени во Полска, а возачот бил запрен од полицијата која на лице место го казнила со нешто повеќе од илјада евра .
Според Драјв , доколку судот го прогласи за виновен, се соочува со парична казна од 6.000 евра.
Според достапните фотографии, може да се види дека ситното Cinquecento е долго само нешто повеќе од три метри, а дрвото е речиси три пати подолго.
Иако не се знае како збунетиот Полјак се оправдувал пред полицијата, неговиот клучен аргумент најверојатно бил: „Се е според правилата, го означив товарот што го превезувам“.