Популарно верување е дека мачките предат кога се среќни и задоволни но зошто тогаш предат и во ситуации кога се повредени и вознемирени?
Предењето е делумно инстиктивно. Мачињата се раѓаат слепи и глуви и такви остануваат во првите две недели но почнуваат да предат по само неколку дена, првенствено за да им кажат на нивните мајки каде се наоѓаат и да бидат нахранети.
Ова однесување продолжува и во зрелоста кога со предење бараат храна од сопствениците. Студијата од 2009 забележа дека кога предат за да бараат храна, звукот што го испуштаат мачките бил „поитен и помалку пријатен“, што сугерира дека можат да манипулираат со нивното предење за да комуницираат различни работи. Според истата студија предењето на мачките може да наликува на плачот на бебе што предизвикува негувачки инстинкт кај нивните сопственици.
Ако мачките можат да го менуваат начинот на кој им звучи предењето тогаш веројатна е теоријата дека го користат како начин на комуникација и дека колку што е инстиктивно толку е и научено на пример ако преде кога се враќате од работа можеби ви вели здраво, или наутро ве потсетува да ја нахраните. Ако сопственикот на мачката е глув се покажало дека мачката поретко преде, веројатно затоа што тој не реагира на предењето.
Тоа што мачките предат додека ги галите е аргумент за теоријата дека со предењето искажуваат задоволство но предат и кога се повредени. Студија од 2001 година објавена во The Journal of the Acoustical Society of America покажа дека домашните мачки и некои видови големи мачки, вклучително и пуми и гепарди, можат да предат на оптимална фреквенција за ублажување на болката, па дури и за поправка на коските што значи дека предењето им претставува и начин на самолекување.
Многу претпоставки зошто и кога мачките предат но науката се уште не нашла дефинитивен одговор. Што мислите, зошто мачките предат?