Денеска продолжи судењето на обвинетите за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жезовски. Ситуацијата во судницата беше многу напната.
– Зошто ми го уби детето – го праша таткото на убиената Вања обвинетиот Велибор Манев по неговото сведочење во кое детално го опиша киднапирањето и убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жезовски.
– Не можам да одговорам на тоа прашање, прашајте го Палевски, тој што го направи тоа – одговори Манев.
На денешното рочиште Бојан Манев , адвокат на Боро Видевски, го сослуша второобвинетиот Велибор Манев.
Манев рече дека во моментот на убиството патот до езерото не бил затворен за градежни работи.
Адвокатот Марјан Витановски му го укина полномошното на својот клиент Љупчо Палевски Палчо, првообвинет за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски што се случи во ноември 2023 година.
Решението на адвокатот од Куманово го прочита судијата Ивица Стефановски. Адвокатот Јовица Страшевски ќе продолжи да го застапува Палевски. Палевски од самиот почеток на судењето го застапуваше кумановскиот адвокат Марјан Витановски, кој тврдеше дека Палчо е невин.