Зошто никогаш не треба да спиете на стомак

Многу луѓе не обрнуваат внимание на тоа како спијат, но една положба што дефинитивно треба да ја избегнувате може да предизвика одредени последици.

Според „Бенден Хелт“ , повеќето луѓе спијат на десна страна, но најдобро е да спијат на лева страна. Експертите исто така предлагаат спиење на грб со перница под колената и предупредуваат дека спиењето на стомак може да доведе до здравствени проблеми.

Докторката Шерил Литго предупреди дека спиењето на стомак може да го оштети ‘рбетот, зглобовите и нервите, што доведува до хронични болки во вратот и грбот. Оваа положба, исто така, може да го зголеми ризикот од респираторни проблеми поради дополнителната тежина на белите дробови и другите респираторни органи.

„Позициите за спиење кои вршат прекумерен притисок врз ‘рбетот, како што се лежење на стомак или свиткување во фетална положба, можат да ја влошат физичката непријатност. Овие позиции често водат до неправилно порамнување на ‘рбетот и зголемен притисок врз вратот и долниот дел од грбот, што потенцијално резултира со хронична болка и нарушени навики на спиење“, рече таа.

Од друга страна, спиењето на лева страна се смета за најздраво бидејќи го подобрува варењето и циркулацијата.