Во просек, жените се гледаат во огледало повеќе од 70 пати на ден
И тоа не е изненадување, бидејќи треба да се подготвиме, да се погрижиме да ја средиме косата и да се нашминкаме.
Но, тогаш некој ве слика и изгледате страшно, речиси како да сте две различни луѓе на сликата и на огледалото.
Сепак, опуштете се, не сте единствените кои се чувствуваат вака.
Впрочем, за ова има и научно објаснување, пренесува Телеграфи.
Огледалото не превртува наопаку
Она што го гледаме кога се гледаме во огледало не е реалност – рефлексијата на огледалото е превртена верзија на тоа како навистина изгледаме.
А бидејќи секојдневно се гледаме во огледало, навикнати сме на чувството на верзијата наопаку. Значи, ако не се гледате многу често на слики, навистина не знаете како изгледате, па во ред е малку да се откачите.
Инстант контрола
Кога ќе се погледнеме во огледало, имаме целосна и непосредна контрола. Ако не ни се допаѓа аголот, веднаш реагираме со менување на лицето и корегирање на начинот на кој стоиме, но и со менување на изразот на лицето за да формираме позадоволувачки изглед.
Што се однесува до сликите, се гледаме себеси откако ќе се направи фотографијата.
Осветлувањето е важно
Мозокот работи на тој начин што не ги забележуваме разликите во осветлувањето кога ќе се погледнеме во огледало бидејќи мозокот автоматски го изедначува и ни го покажува нашето лице блиску до она што сме навикнати да го гледаме.
Камерата не работи на овој начин и ги доловува сите нијанси и сенки.
Во огледалото гледаме само одредени детали
Кога се гледаме во огледало, обично се фокусираме на одреден дел од лицето, како што се усните, носот, очите итн. и не перцепираме како изгледаат сите заедно.
Кога гледаме слики, доживуваме сè одеднаш и судиме за изведбата: држење на телото, израз на лицето и се друго на што не обрнувавме внимание.
Нашите асиметрични лица
Никој нема совршено симетрично лице. Навикнати сме да се гледаме од еден или неколку одредени агли и често мислиме дека едната страна од лицето е иста како другата. Ова е причината зошто се чувствуваме како сосема поинаква личност кога се гледаме себеси на фотографии и се чувствуваме помалку привлечни.