Спортистите често се поставуваат гризејќи ги медалите откако освоиле награди во нивната дисциплина.
Оваа поза ја практикуваат спортистите од целиот свет. Веќе видовме неколку олимпијци како ги гризат медалите на Олимпијадата во Париз.
Зошто спортистите го прават тоа?
Постојат различни теории. Некои тврдат дека тоа доаѓа од начин да се провери дали е вистинско злато, додека други веруваат дека тоа е трик што се бара од спортистите.
Сепак, се претпоставува дека зад оваа појава стојат фотографи.
Дејвид Валечински, претседател на Меѓународното здружение на олимписки историчари, изјави за Си-Ен-Ен уште во 2012 година дека спортистите ги гризат медалите затоа што тоа го бараат фотографите, пишува Дејли Мејл.
„Тоа стана опсесија за фотографите. Мислам дека тие на тоа гледаат како на култна снимка, како на нешто што веројатно можете лесно да го продадете. Мислам дека тоа не е нешто што спортистите веројатно би го направиле сами“, рече Валечински.
Професорот Френк Фарли од Универзитетот Темпе во Филаделфија смета дека гризењето на медалот е еден вид пракса и дел од победничкиот дух.
„Ако сакате да бидете дел од победничката серија, таа победничка култура, вие учествувате во таа победничка пракса. Тоа го прави вашиот медал ваш. Тоа е емотивна врска со вашето достигнување“, објасни Фарли.