Ако често го слушате ова прашање, а освен тоа ви пукаат аглите на усните, лесно ви се кршат ноктите, а секогаш сте уморни, тогаш веројатно сте анемични. Внимавајте! Ако не се лекува, може да биде опасно по живот.
Анемија инаку значи недостаток на крв. Оваа болест влијае на намалувањето на масата на еритроцитите во крвта, што е придружено со намалување на концентрацијата на протеинот наречен хемоглобин. Најчесто тоа е предизвикано од недостаток на железо.
Многу проблеми
Проблемот со недостаток на железо се јавува кога тоа не се апсорбира доволно во органите за варење (на пр. после операција) или кога има поголема загуба на крв (на пр. за време на менструацијата).
Количината на железо може да биде помала за време на бременоста или за време на брзиот раст. Неговиот недостаток може да биде и резултат на несоодветна исхрана.
Ако постојано губите железо, тогаш тоа може да укаже дека можеби имате здравствен проблем.
Кај повеќето анемични пациенти се забележува: слабост, летаргија, силно чукање на срцето и тешко дишење при мала работа.
Кај жените, ова обично се изразува како главоболка. Кожата изгледа побледо, пренесува Телеграфи.
Адекватна исхрана
Можете да го подобрите дефицитот на железо со користење на диета. Таа треба да биде разновидна и инклузивна, особено во одредени периоди од животот.
Добри извори на железо се месото, рибата, жолчката од јајцето, зелениот лиснат зеленчук, компирот, морковот, репата, карфиолот, цели зрна, овошјето (особено сливите, кајсиите, праските, рибизлите) и сувото овошје.
Меѓутоа, често е неопходно да се дава железо орално, преку апчиња.
Третманот на анемија е многу важен момент
Многу се злоупотребува во овие случаи. Луѓето често ја припишуваат анемијата на недостаток на железо и одат директно во аптека и таму добиваат лекови.
Анемијата се третира според причината и со дози строго дефинирани од хематологот. Времетраењето на третманот се одредува врз основа на периодични циклични прегледи.