Такси – возилата во Германија се познати во целиот свет по својата необична нијанса на беж, која веднаш привлекува внимание кога ќе се најдете во таа земја.
Сепак, такси-возилата во Германија порано не беа беж, туку црни.
На тоа му дојде крајот во 1971 година кога тогашниот федерален министер за транспорт Георг Лебер нареди новата боја да биде „светла слонова коска“.
По петгодишен преоден период, сите црни такси требаше да исчезнат од германските улици, по секоја цена.
Кои се причините за таа одлука?
Мала нечистотија и малите дамки не се многу очигледни на беж боја како на црна, таксито изгледа поуредно, а години пред поставувањето на климата во автомобилите, црните такси беа прилично жешки, пишува ReviewHack.
Сепак, уште поважно е што оваа боја, за разлика од црната, дотогаш не се користела за патнички автомобили.
Исто така, посветлата боја ја зголеми безбедноста на патиштата, што беше важна грижа на Лебер.