Зошто Трамп го сака Гренланд и што мислат Гренланѓаните за тоа

Повеќе од еден век американските лидери се обидуваат да го купат најголемиот остров на светот.

Што мислат Гренланѓаните?

Куно Фенкер, член на Инацисартут, парламентот на Гренланд, во средата рече дека коментарите на Трамп не ги гледа како закана.

Фенкер, кој ја поддржува независноста на Гренланд, изјави за Би-Би-Си дека Гренланд, како суверена територија, може да избере да соработува со Америка во одбраната.

Кога Трамп првпат ја спомна идејата за купување на Гренланд во 2019 година, многу жители изјавија за Би-Би-Си дека се против предлогот.

„Тоа е многу опасна идеја“, вели Динес Микаелсен, туристички водич кој е роден и израснат во источен Гренланд.

„Тој не третира како стока што може да ја купи“, рече Алекса Хамонд, првиот премиер на Гренланд.

„Тој дури и не разговара со Гренланд – тој зборува со Данска за купување на Гренланд“.