Во рефренот на популарна песна од пејачката Мајли Сајрус, таа истакнува дека може да си купи цвеќе, а психотерапевтот Марко Јовашевиќ открива дека, меѓу другото, ова може да претставува добро поставување граници.
Пејачката Мајли Сајрус крена голема прашина со најновата песна „Flowers“ , во која испрати важна порака.
Таа во својата песна истакна дека, колку и да боли раскинувањето, сепак повеќе се сака себеси и дека може да прави многу работи сама, како на пример „да си купувам цвеќе“.
Психотерапевтот д-р Марко Јовашевиќ пристапил кон оваа метафора од професионална гледна точка, објаснувајќи зошто треба да си купиме цвеќе:
– Така човекот учи да се почитува себеси и да биде независен.
– Нашиот мозок го „сака“ негативното, па затоа честопати мора да му се заблагодариме со награди. Понекогаш тоа е симбол на излегување од токсична врска , нов почеток и обработено искуство.
– Понекогаш ова се добро поставени граници, пред сè кон себе.
– А Библијата вели „Љуби го ближниот свој како себеси“. Често забораваме дека „да се биде себеси“ е предуслов за љубов кон секого или кон нешто – вели д-р Јовашевиќ.