Човек кој собирал шишиња од канти за отпадоци видел ракетен фрлач М80, попознат како „зоља“ во контејнер во близина на основно училиште во загрепската населба Круге.
Хрватскиот портал 24 сата наведува дека прво пристигнала една полициска патрола, а потоа друга.
– По нив дојдоа пиротехничарите, сликаа се, ja земаа „зољата“ и ја ставија во автомобилот – изјавил читател на порталот кој случајно се нашол таму.
Се зборува дека во моментот на откривањето на „зољата“ деца си играле на блиското игралиште.
Од загрепската полиција потврдија дека „зољата“ била непријавена и целосно безопасна, како и дека полицајците постапиле според прописите.
Се наведува дека по утврдување на сите околности ќе бидат објавени повеќе информации.