Иако многу млади избегаа, Русија ја задржува задолжителната воена служба за 18-годишниците

Русија ќе ја задржи задолжителната воена служба за 18-годишници, објавија државните медиуми, трајно зголемувајќи го бројот на млади мажи кои ги исполнуваат условите за регрутација, откако парламентот го отфрли предлогот дека воената служба не може да се служи пред 21-годишна возраст, пренесува руската медиумска агенција ТАСС.

Андреј Картаполов, поранешен генерал кој претседава со комисијата за одбрана на Долниот Дом на парламентот (Руската Дума), првично предложи периодот на регрутирање постепено да се помести од 21 година на 30 години.

Одлучено е, сепак, долната граница да се задржи на 18 години, бидејќи токму на таа возраст многу момчиња сакаат да служат војска“, рекол тој.

Задолжителната воена служба долго време е чувствителна тема во Русија.

Многумина се обидуваат да избегнат да примаат повици за регрутирање. Стотици илјади луѓе ја напуштија Русија за да избегнат да бидат испратени во војна во Украина.

војскаРусија