Секретарот на Алтернатива, Зеќирија Ибрахими изјави дека влегувањето на Алтернатива во Владата се должи на големи стратешки интереси. Тој рече дека со нивната одлука Албанија и Северна Македонија започнале преговори со ЕУ и тоа, според него, не треба да се заборави.
„Не е добро што ова не се кажува ни локално ниту надворешно . Дадовме пратеници на оваа влада, се создаде стабилност и почнаа преговорите. Не влеговме во Влада, зборувајќи што ни е колачот. Секако дека има и тој дел, но пред се тоа беше стратешки интерес и политички договор. Сега во времето во кое се наоѓаме денес, дали вреди тоа? Во времето кога велите дека треба да се вклучи партнер во Владата. Јас го покренувам прашањето, дека ѝ треба да имаме нов договор. Не е важно што правиме со старото, пред да го решиме старото, не можеме да направиме ново. Нашите партнери не го решија стариот за да направат нов“ , рече Ибрахими.