Шведскиот фудбалер Златан Ибрахимовиќ „пензионерските“ денови ги поминува на луксузни дестинации во друштво на своите најблиски.
Со сопругата Хелен и синовите тој ужива на јахта во Сен Тропе, а папараците му висат на глава.
Златан пливаше во морето и да се сончаше, сето тоа под будното око на неговата сопруга Хелена Сегер, која е 11 години постара од него.
Иако приватниот живот го држат подалеку од јавноста, познато е дека Хелена ужива во брзо возење мотор, не сака да се дотерува, мисли дека има преголеми усни и прекратки нозе и подобро се чувствува во фармерки отколку во дизајнерски фустани.
Тоа што нема куќна помошничка ја прави нетипична сопруга на фудбалер.